Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Започна реконструкцијата на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“ во Пехчево

Во Општина Пехчево официјално започна реализацијата на проектот за реконструкција на улиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Пехчево официјално започна реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со воведување во работа на изведувачот на градежните активности.

Од Општина Пехчево информираат дека проектот, покрај реконструкцијата на коловозите, опфаќа и изградба на нова атмосферска канализација, со што ќе се подобри одведувањето на дождовните води, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се создадат подобри услови за движење на граѓаните.

Според локалната самоуправа, со реализацијата на проектот ќе се надмине долгогодишниот проблем со задржување на атмосферските води на овие сообраќајници, што ќе придонесе за подолг век на коловозите и поквалитетна урбана инфраструктура.

Реклама

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, истакна дека станува збор за уште една значајна капитална инвестиција која, како што рече, претставува вложување во идниот развој на општината.

– Реконструкцијата на овие улици, заедно со изградбата на атмосферската канализација, не е само инвестиција во патната инфраструктура, туку и во иднината на нашиот град. Со ваквите проекти создаваме побезбедни улици, подобри услови за секојдневното функционирање на граѓаните и поквалитетна комунална инфраструктура која ќе служи со децении, изјави Китански.

Од Општината упатија и апел до жителите на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“ во рок од осум дена да ги отстранат градежните материјали, дрвата за огрев, хаварисаните и нерегистрирани возила, комуналниот и кабастиот отпад, приколките, механизацијата и другите предмети поставени на тротоарите, коловозите и јавните површини, со цел градежните работи да се одвиваат непречено и во предвидените рокови.

Од локалната самоуправа изразија уверување дека соработката и разбирањето од страна на граѓаните ќе придонесат проектот да биде реализиран квалитетно и навремено, со што ќе се подобрат условите за живот и ќе се унапреди комуналната инфраструктура во Пехчево.