Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано

Собранието вечерва ги заврши општите претреси на предлог-законите за изменувања и дополнувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието вечерва ги заврши општите претреси на предлог-законите за изменувања и дополнувања на законите за работно ангажирање лица, за Советот на јавни обвинители и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и општите претреси на дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование и на дополнетиот предлог-закон за финансиски лизинг, со што е исцрпен дневниот ред на 106. седница.

Кога ќе се гласа за сите овие закони кои треба да се донесат по кратка постапка, пратениците ќе бидат дополнително известени.

Како што информира потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, што беше последна точка од дневниот ред, е повлечен од предлагачите.

Реклама

Бендевска по ова ја прекина 106. седница и рече дека за продолжението пратениците ќе бидат дополнително известени.

Воедно напомена и дека нема услови за најавеното продолжување на 108. седница поради одложување на Законодавно-правната комисија. И за продолжувањето на оваа седница, истакна Бендевска, пратениците ќе бидат дополнително известени.