Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Македонија е меѓу земјите кои бележат најголем напредок на патот кон  Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е меѓу земјите кои бележат најголем напредок на патот кон  Европската Унија. Поради успешното спроведување на реформите, европската комисија ќе ги пренасочи неискористените средства од Фондот за реформи кон земјите што постигнуваат најдобри резултати. Според поранешниот државен советник за европски прашања Драган Тилев, со исполнување на обврските ќе следува и дополнителна финансиска поддршка, а најголем дел од средствата се наменети за инфраструктурни проекти кои треба да се реализираат во наредниот период.

„Две третини од парите одат во Фондот за Западен Балкан за финансирање на инфраструктурни проекти и тука ќе треба тие средства кои што веќе сме ги префрлиле, сме ги обезбедиле со спроведените реформи и евентуално нови средства кои што би се добиле – тие средства ќе треба да се имплементираат преку готови зрели инфраструктурни проекти“, изјави Драган Тилев, поранешен Државен советник за европски прашања

Кандидатите се обврзани да ги исполнат предвидените услови во рок од една година, во спротивно средствата се прераспределуваат. Овој рок е важен бидејќи претставува пресвртна точка во реализацијата на мерката и обезбедува средствата да бидат насочени кон кандидатите кои се најуспешни.

Реклама

„Огромен дел на средства не се искористени и многу е веројатно до 2027 година, додека таа регулатива е на сила, тие средства нема да се повлечат и  ќе останат во ова купче и ќе може евентуално еден дел од нив врз основа на посебна постапка и со одлука на европската комисија, да бидат распределени кај земјите кои што ги спроведуваат реформите.“

Иако Македонија е меѓу земјите што бележат најголем напредок, процесот допрва влегува во клучна фаза. Очекувањата се дека преку реализација на проектите ќе се постигне побрз економски развој и подобрување на животниот стандард.