Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Експерти од Google DeepMind и LinkedIn меѓу првите објавени говорници на 9. Регионална конференција за е-трговија

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ги објави првите шест потврдени говорници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ги објави првите шест потврдени говорници кои ќе бидат дел од 9. Регионална конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември во Националната опера и балет во Скопје. Со имиња кои доаѓаат од светски технолошки компании, водечки регионални организации и успешни AI и e-commerce приказни, годинашното издание најавува врвна програма што ќе ги обедини најрелевантните експерти од индустријата.

Меѓу првите потврдени говорници се: Јован Андонов, Senior Research Engineer во Google DeepMind, е дел од тимот што го развива Gemini, еден од најнапредните AI модели на Google. Неговата работа е фокусирана на пребарување и рангирање информации за Gemini Personal Intelligence, а претходно работел во Google и IBM Research.

Амрита Лал, Senior Client Solutions Manager во LinkedIn, има повеќе од десет години искуство во маркетинг и развој на брендови. Во кариерата работела со глобални брендови како Ferrero, Huggies и Douwe Egberts Coffee, а денес им помага на организациите да изградат силно дигитално присуство и ефективни бренд стратегии.

Реклама

Николај Зеневич, Group Head of Partner Ecosystem во Iute Group, е експерт за развој на партнерски екосистеми и стратешки партнерства. Претходно осум години беше дел од Bolt, каде што одигра клучна улога во ширењето на Bolt Food на повеќе од 20 пазари и над 350 градови.

Програмата ќе ја збогати и Мирослав Варга, еден од најпознатите Google Ads експерти и сертифициран Google Trainer во регионот. Познат е по практичните предавања, реалните примери и применливите стратегии за дигитално рекламирање.

На конференцијата ќе учествува и Борислав Вукојевиќ, основач на BoroGPT, универзитетски професор и AI консултант. Специјализиран е за генеративна вештачка интелигенција, големи јазични модели и AI агенти, а преку своите платформи развива практични обуки за примена на AI во бизнисот.

Меѓу говорниците е и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, претприемач, автор и поранешна министерка за финансии. Таа ги предводи и Балканската алијанса за е-трговија (BECA) и Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, а нејзината работа е препознаена со признанија како Forbes 30 Under 30, UNCTAD eTrade for Women Advocate и Bloomberg Adria Top 50 People. Автор е и на книгата „Ништо случајно“, објавена во 2026 година.

Годинашното издание на конференцијата ќе се одржи под мотото „From Wait to Go: E-COMM AT AI SPEED!“, ставајќи го фокусот на тоа како вештачката интелигенција веќе ги трансформира е-трговијата, маркетингот, продажбата, логистиката и корисничкото искуство. Наместо теоретски дискусии, конференцијата ќе понуди практични примери, стратегии и искуства од експерти кои секојдневно работат на развојот на најсовремените технологии и дигитални решенија.

Се очекуваат повеќе од 900 учесници од Македонија и регионот, како и повеќе од 30 домашни и меѓународни говорници, кои на две конференциски сцени ќе ги споделат најновите трендови, искуства и практики од областа на е-трговијата, дигиталниот маркетинг, финтекот, логистиката и вештачката интелигенција. Во наредниот период АЕТМ ќе ги објавува и останатите говорници, како и деталната агенда на конференцијата.

Деветтото издание на конференцијата се реализира со поддршка на компанијата Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, Комерцијална банка и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс и РСМ како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.

Пријавувањето за E-commerce Conference 2026 е во тек, а повеќе информации за конференцијата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: ecommerceconference.mk.