Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Една библиотека ќе добие фонд од 35 книги од „Матица македонска“ по повод Илинден

Една училишна или локална библиотека ќе добие фонд од 35 книги од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една училишна или локална библиотека ќе добие фонд од 35 книги од „Матица македонска“ во рамките на јавниот повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, што првата издавачка куќа во самостојна Македонија го распиша во рамките на програмата „Зад датумот“, со слоган „Овој Илинден, Македонија се чита“.

Новиот фонд ќе биде составен според потребите на избраната библиотека, возраста на нејзините корисници и состојбата на постојната збирка. Може да опфати книги за Илинден, македонската историја и државност, македонскиот јазик, фолклорот, книжевноста, уметноста и културното наследство, како и изданија за ученици и помлади читатели.

Пријавите се испраќаат на [email protected] најдоцна до 7 август 2026 година во 23.59 часот. Избраната библиотека ќе биде објавена на 12 август.

Реклама

– Може да се пријават училишни и локални библиотеки, како и јавно достапни библиотечни фондови што работат во рамките на културни и образовни центри. Библиотека може да предложи и читател, наставник, родител, здружение, локална институција или друго лице запознаено со нејзината работа. Пријавата треба да содржи име и населено место на библиотеката, институција во чиј состав работи, приближен број и возраст на корисниците, краток опис на постојниот фонд, областите во кои најмногу недостигаат книги и контакт на одговорно лице. Изборот нема да се врши преку јавно гласање, број на допаѓања или споделувања на социјалните мрежи. Ќе се разгледуваат реалната потреба, бројот и возраста на корисниците, јавната достапност на фондот и можноста книгите редовно да се користат – информира „Матица македонска“.

Издавачката куќа нагласува дека целта не е само да се испратат 35 наслови, туку да се создаде внимателно избрана библиотечна целина, што ќе остане достапна и навистина ќе им служи на читателите.