Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Евтина струја до четири часа и цел викенд? РКЕ крчка нови тарифни решенија

Дневна евтина тарифа од 11 до 15, а не како до сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дневна евтина тарифа од 11 до 15, а не како до сега од 13 до 15 часот. Пониска цена цел викенд, а не како до сега само во недела. Ова се опциите кои ги разгледува Регулаторната комисија за енергетика а кои би можеле да почнат да важат веќе од следната година. Надлежните велат дека се разгледуваат промени за граѓаните да добијат пониски сметки, а и подобро да се искористи прозиводството од обновливи извори.

„Факт е дека има еден убав период од 11 до 15 часот во кој берзанските цени се многу ниски затоа што имаме вишок на енергија. Во тој распон можеби ќе се движиме со зголемување на периодот на поевтина електрична енергија, а за разлика од тоа можеби ќе има намалување во ноќните часови“, изјави Ацо Ристов – претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

На ЕВН нема да им биде потребно многу време за прилагодување на броилата доколку се воведат новите тарифни модели. Најголемиот дел од броилата се дигитални, па промените во тарифите може релативно брзо да се имплементираат.

Реклама

„Сакаме на време да го изодиме процесот и ако се решиме за промени да им оставиме период од најмалку еден месец за да можат во отчитувањето после Нова година и тие да имаат нова платформа и пресметка за испорачана електрична енергија, промена на софтвер во броилата“, Ацо Ристов – претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Од РКЕ нагласуваат дека сè уште не е донесена конечна одлука и дека во тек се детални пресметки за да се утврди дали предложените измени ќе донесат реални заштеди.

Математиките ќе треба да покажат и дали новите тарфифи ќе важат во текот на целата година или пак за одреден период, како на пример од мај до септември кога има многу сонце.

Пред евентуалното воведување на новите правила, ќе се организира јавна расправа и консултации со сите засегнати страни.