Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија

Во првата половина на 2026 година Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првата половина на 2026 година Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе речиси 22.000 инспекциски надзори, во чии рамки, во делот на откупот, се издадени 409 решенија (наредби, опомени и задолженија) – рече денеска директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, тој истакна дека ДИЗ моментно се соочува со недостиг на кадар поради одливот на инспектори, кои одат во пензија.

– Инспекторатот во целост ги исполнува своите обврски. Континуирано на терен, во текот на целата година, во зависност која култура е актуелна за откуп. Постапуваме во согласност со Законот за земјоделството и руралниот развој и во текот на откупот нашите земјоделски инспектори ги следат условите што треба да ги исполнат откупните компании при процесот на откуп на земјоделски производи. Притоа се следи дали компаниите ги исполнуваат минимално-техничките услови за вршење откуп, дали поседуваат соодветни простории и опрема за вршење откуп, дали имаат верификувани мерни инструменти за откуп, како и други услови што треба да ги исполнат во согласност со законската регулатива. Во однос на бројот на инспектори, морам да кажам дека во моментот се соочуваме со недостиг на кадар. Имаме евидентен одлив во однос на инспектори што одат во пензија и во наредниот период мора систематски да поработиме на тој дел, на вработување нов кадар што ќе ги покрива сите наши активности – напомена директорот.

Реклама

Во однос на извозот, Ангеловски објасни дека ДИЗ е надлежен да ја контролира здравствената исправност на пратките.

– Извозот е активност што се одвива во текот на целата година. Ние како надлежен Инспекторат сме задолжени за фитосанитарна сертификација, односно за издавање извозен документ, кој ја потврдува здравствената исправност на пратките, и гарантираме дека тие пратки не се заболени, здравствено се исправни и ги исполнуваат условите за извоз – рече директорот на Инспекторарот.