Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Казни наместо апели – само така во Охрид може да се стави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Казни наместо апели – само така во Охрид може да се стави крај на дивите депонии, кои од година во година стануваат сè побројни, алармираат граѓанските активисти. Во екот на туристичката сезона, проблемот со нелегалното одлагање отпад дополнително се продлабочува. Наместо средствата да се вложуваат во подобри комунални услуги, секојдневно се трошат пари на граѓаните за расчистување на депонии кои повторно никнуваат на истите локации. Без системски пристап и санкции, состојбата ќе продолжи да се влошува.

„Сметаме дека треба да се започне и со систем на казнување, опоменување и казнување, бидејќи во таа хиерархија на начини и стратегии за промена на однесувањето, да, едукативните кампањи имаат одреден ефект, но, за жал, казните имаат многу посилен ефект. А досега не сме виделе, барем вака јавно, и вие сте новинари, колку често вие објавувате за казнето поведение каде што нелегално се одложува отпад. Значи, ова е сè според закон. Инаку, се удавуваме во отпад, како што велат.“ – вели Драгана Карашова, граѓански активист.

Според проценките, околу Охрид има шеесетина диви депонии кои постојано се полнат. Тие не се само грда слика, туку сериозна закана по здравјето. Отпадот ја загадува почвата, подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници. И додека се чека Ј.П. „Комуналец“ да постави видеонадзор на повеќе од 30 локации на кои подолг временски период се создаваат диви депонии, и тоа сред град, решенијата не се бараат само на терен, туку и во образованието. Од Факултетот за туризам и угостителство велат дека преку проект за одржливо готвење веќе се воведуваат практики со кои уште во кујните се намалува количината на отпад.

Реклама

„Целта на проектот беше да се изработат студии за одржливо готвење, за штедење и намалување на отпадот во кујните, не само во образовните институции, туку сето тоа да се реплицира и во реалниот сектор. Можеби ќе звучи идеално и нереално, да се создаде една кујна која што ќе генерира нула отпад. Значи, сè она што ќе влезе во кујната, на крајот да биде испорачано на крајните консументи и сè помалку да се полнат депониите со отпад од прехранбената индустрија.“ – вели проф. д-р Климент Наумов, ФТУ Охрид.

И додека едни предупредуваат дека без казни дивите депонии ќе продолжат да никнуваат, други покажуваат дека со едукација и промена на навиките може значително да се намали количеството отпад. Пораката е заедничка – потребен е системски пристап, од институциите до секој поединец, ако Охрид сака да ја зачува животната средина.