Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Демократски сојуз: Брза реакција на институциите и одговорност

Демократски сојуз ги повикува институциите на локално и на државно ниво да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократски сојуз ги повикува институциите на локално и на државно ниво да дејствуваат координирано за да се спречи натамошно ширење на инфекција и да се санира состојбата со водоснабдување на граѓаните во Гостивар, стои во соопштението на ДС.

Паралелно со здравствените мерки, неопходна е темелна и поширока истрага за да се откријат сите кои неодговорно и волонтерски се однесувале и придонеле на неколку илјади граѓани да им биде загрозено здравјето, со можни тешки последици.

Оваа критична состојба (со загадување на водата за пиење) е резултат на неодговорноста и недопирливоста на неспособните и заштитени партиски кадри во локалната самоуправа, но и пошироко.

Реклама

Демократскиот сојуз инсистира на мобилизација и ефикасно дејствување на сите институции и одговорност.

Очекуваме транспарентност од локалната власт во Гостивар и објективно информирање.

Од одговорноста никој не може да се сокрие со политички манипулации и прикривање на причините за оваа катастрофа.