Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Девет дена без чиста вода во Гостивар

„Поради забраната за пиење и користење на водата во Гостивар, угостителите најдоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поради забраната за пиење и користење на водата во Гостивар, угостителите најдоа привремено решение. Наместо стаклени, пијалаците на гостите им се служат во пластични или пак хартиени чаши, со цел целосно да се избегне користењето на водата од чешма.“

Проблемот со водата за пиење е се уште дел од секојдневието на гостиварци. Угостителите бараат алтернативни решенија по хавартијата. За правење кафе и приготвување храна користат флаширана вода.  Но иако ги почитуваат стандардите, сепак се жалат дека гостите стравуваат да одат во локалите.

„Вака денес се послужува бурекот во една од бурекџилниците во Гостивар, во пластични чинии и со пластичен прибор за јадење. “

Реклама

Граѓаните се снаоѓаат на различни начини – купуваат вода, се снабдуваат од околните градови и села, или пак ја користат онаа која државата ја нуди како помош на пунктови низ повеќе локации во градот. Но сепак велат дека секојдневието им е отежнато.

„Очекуваме секојдневно да имаме чиста вода, но дали ќе добиеме. Јас живеам во село и не ја користам водата од водоводот, имам бунар. Наводно до крај на неделава објавија дека ќе имаме техничка вода, а до наредната и за пиење. Земаме од пунктовите вода. За перење паузираме, а за готвење со купена вода готвиме и користиме и пластични чинии и прибор.“ – велат граѓаните.

Надлежните уверуваат дека епидемијата во Гостивар влегува во смирувачка фаза. Граѓани и натаму се пријавуваат со здравствени проблеми, но во значително помал број. Досега околу 4000 жители на Гостивар побарале лекарска помош. Се започнува со целосна епидемиолошка анализа со која треба да се утври хронологијата на настаните и причините кои доведоа до ваквата состојба.

„Управувачкиот комитет работи на прашањето, а вчерашните резултати сè уште беа недоволни на резидуален хлор. За водата да биде безбедна до одреден степен се гледа колку хлор има во водата, а тоа уште го нема постигнато посакуваното ниво. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места во моментов, а кога хлорирањето ќе биде на задоволително ниво ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода.“– вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Во меѓувреме се превземаат мерки за подобрување на квалитетот на водата, меѓу кои и нејзиното хиперхлорирање и чистење на водоводот.