Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Двете штипски градинки се спојуваат во еден правен субјект

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во еден правен субјект, за оваа одлука денеска гласаа мнозинството советници во Советот на општина Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов образложи дека градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени. Јорданов вели дека нема да има отпуштања на вработени, туку ќе се менува само начинот на организација. Целта е да се намалат трошоците и градинките да работат поефикасно. 

-По одлуката за оптимизацијата на трошоците во основното и средното образование во општина Штип, одлучивме истото да го направиме и во згрижувачката дејност, односно кај детските градинки. Поточно за јавноста, сакам да ебалорирам што значи тоа. Во моментот на територија на општина Штип имаме два правни субјекти, две градски градинки и неколку клонови, односно згради, каде што се врши згрижувачката дејност. Со оваа одлука остануваат истите клонови, практично дечињата, родителите не се засегнати, туку се прави спојување административно. Од две правни лица во едно правно лице- изјави Јорданов.

Штипскиот градоначалник посочи дека наместо два управни одбора или два директора, наместо двајца сметководителите, наместо две кујни, со спојувањето на двете градинки ќе има по една кујна, потоа по еден директор, управен одбор,благајкник, со цел намалување на трошоците. 

Реклама

-Овде не се засегнати ниту вработените, никој од вработените нема да остане без работа, туку стратегијата на среден рок е како ќе се пензионираат веќе постоечките вработени, внатрешно да се реорганизираат и да нема внесување на нови вработени на веќе испразнетитите или  во иднина испразнетите работни места. Со тоа ќе се намалат трошоците, кои ги имаме во рамки на згрижувачкиот процес, детските градинки, ќе се зголеми продуктивноста и оптимизацијата-вели Јорданов.