Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Два одвоени случаи на семејно насилство во Тетово, поведени постапки против насилниците

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд.

Како што информираат од ОЈО, осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со претходна пријава за семејно насилство. Тој од жената барал да каже дека ништо во врска со претходниот настан не се случило, дека се смирени и живеат заедно без никакви проблеми. Откако разбрал дека и покрај ваквите сугестии жената останала на претходната изјава, тој и се јавил телефонски и и се заканил дека ќе ја убие, поради што таа не се вратила дома. Потоа осомничениот отишол на нејзиното работно место и пред нејзиниот претпоставен започнал да вика дека жената не смее да работи таму и дека ако ја најде ќе ја убие. Конечно, отишол и кај родителите на оштетената пред кои ги повторил заканите, со што предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Во одвоен настан, Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и против 32-годишник осомничен дека при вршење семејно насилство сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Реклама

На 19 јули, во семејниот дом во Тетово, осомничениот телесно го повредил неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Кога оштетениот успеал да избега и да се засолни во другата соба, осомничениот продолжил да му се заканува дека ќе го убие. Во однос на овој осомничен, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот.