Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Градот под Марковите Кули, подготвен за чествувањето на утрешната Градска слава, на патронот „Св.Никола“

Иако двете пандемски години видно го пореметија и видоизменија чествувањето на Градската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако двете пандемски години видно го пореметија и видоизменија чествувањето на Градската слава „Св. Никола“, Прилеп полека, но сигурно, повторно се враќа на пред 17 години востановената традиција кога „Св. Никола“, официјално беше „земен“ за светец-заштитник на градот. Уникатните, минијатурни светиниколски сармичиња со големина на лешник кои се прават по единствен прилепски рецепт како вистинска кулинарска мајсторија, веќе се свиткани. Членки од прилепските здруженија на жени ја поставија и препознатливата посна трпеза, како своевиден потсетник за помладите генерации.

„Прилепската светиниколска сарма се прави со оривче, црн пипер, некои си ставаат и праз, ама ние во нашево овде не ставаме праз и ја правиме само со оривче, црн пипер, масло и црвена пипер. Таа е многу малечка и ситна колку едно лешниче, па дури и помала, колку десетина зрнца ориз се ставаат. Тешко е, ама кога се работи со љубов работата, многу е лесно. Затоа секаде треба да има љубов, а љубовта е Бог“, вели членка од Здружението на жени „Преродба“ од Прилеп.

„Новите домаќини да не го заборават нашиот адет, зашто времето дојде такво брзо, спонтано, немаат време за нив да се видат, а камо ли слави да прават. Пораката за младите е да не го заборават, традицијата да не ја заборават прилепска, оти „Св. Никола“ е празник прилепски, заштитник на градот Прилеп“, кажа Марија Ѓорѓиоска, членка на Здружението „Преродба“.

Реклама

 „Св.Никола“ стана патрон на Прилеп во 2005-та година со одлука на тогашната локална власт, бидејќи речиси половината од градот, овој светец го слави како куќна слава. Три години подоцна, подготовката на уникатните и единствени прилепски светниколски сармички, градот под Марковите Кули, а со тоа и Македонија, за прв пат ги внесоа во Гинис. Гинисовата порција од сармички броеше 80.191 сармиче.

Чествувањата по повод Градската слава продолжуваат утре со празнична литургија во црквата „Св. Благовештение“ и со прережувањето на празничниот колач пред Параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, по што, на празничната трпеза на отворено, годинашните домаќини – Компанијата „Теракота“, ќе ги поделат светиниколските оброци и ќе го предадат кумството на идните домаќини – Компанијата „Комфи Ангел“. Досега, кумови на овој настан биле многу познати бизнисмени, но и високи функционери, под покровителството на ЛС Прилеп.

Каролина Дурло