Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Градоначалникот Меља на увид во работите за реконструкција на спортското игралиште во Могорче

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља беше на увид во работите за реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља беше на увид во работите за реконструкција на повеќенаменското спортското игралиште во село Могорче, при што изрази задоволство од текот на работите. 
 
-Одблиску се запознав со динамиката на изведбата и можам да изразам задоволство од текот и квалитетот на до сега извршените работи. Како локална власт остануваме посветени на реализација на проекти кои ја унапредуваат спортската инфраструктура и создаваат современи услови за учениците, младите и жителите на секое населено место, објави Меља. 

Додава дека овој проект се реализира со средства од Буџетот на Општина Дебар и претставува уште една значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт, рекреација и училишни активности. 
 
-Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување жителите на Могорче ќе добијат современ и функционален простор за спортски, рекреативни и училишни активности. Вакви зафати ќе има и во другите рурални средини,  посочува Меља.

Повеќенаменското спортско игралиште е во кругот на во подрачното училиште во село Могорче, кое функционира во склоп на деветолетката „Ристе Ристевски“ од село Долно Косоврасти.

Реклама

Могорче е најголемо село во оваа општина, со околу две илјади жители, каде освен подрачното основно училиште, функционираат и истурени паралелки на дебарската гимназија.