Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Градоначалникот Костовски најави голема градежна офанзива во Скопје Север

Над 60.000.000 денари вложуваме во големи и значајни проекти во населеното место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 60.000.000 денари вложуваме во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Големата градежна офанзива се одвива со силна динамика. Она што беше барање на граѓаните на Скопје Север – го реализираме, соопшти попладнево градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на неговата Фејсбук-страница.

– Денес ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите. Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците Боро Менков, Костурска, Лазо Москов, Гоце Стојчевски. Наскоро ќе се реконструира и улицата Костурска заедно со двата големи паркинг – простори и пристапни патеки. Исто така, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење. Ова е најголемата градежна офанзива која се одвива во Скопје Север – пишува во објавата на градоначалникот Костовски на Фејсбук.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Реклама