Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со фекалии, од Институтот за Јавно здравје Гостивар доставиле извештај до Агенцијата за храна и ветеринарство, дека водата е безбедна да се користи. Директорот на Агенцијата Миланов, објасни дека согласно договорот кои го имаат направено со Институтот, мостри од водата се земаат еднаш месечно од осум различни локации, а последниот извештај кој го добиле од Институтот, покажал дека водата е исправна за пиење. Претходно истрагата на Обвинителството утврди дека во водоводната мрежа, диви пумпи вбризгувале вода со фекалии, во период од 25 јуни до 16 јули.

„Последниот извештај за водата во Гостивар е од 13 јули годинава од Центарот за јавно здравје – Гостивар и тогаш водата била безбедна за пиење“, изјави Оливер Миланов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во меѓувреме гостиварци не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за подготвување храна, а забраната ќе остане во сила се додека анализите не потврдат дека истата е безбедна за користење. Миланов очекува во најбрз временски рок градот повторно да добие техничка и вода за пиење, а во меѓувреме надлежните со засилени инспекциски контроли ќе ги казнуваат сите оператори за храна, како што се ресторани и кафулиња кои ќе користат вода од  водоводниот систем  на Гостивар. Ова важи и за болниците, домовите и јавните установи.

Реклама

Самите ресторани се должни да обезбедат техничка вода. Сè што доаѓа во контакт со храната, приборот и подготовката на храната мора да биде обезбедено со безбедна вода. Зборуваме за ресторани, кафеани, бурекчилници, сендвичарници и сите оператори со храна. Доколку се утврдат неправилности, тие ќе сносат одговорност и ќе бидат санкционирани. Водата не смее да се користи ниту за пиење ниту за технички намени сè до добивање на лабораториските резултати“, изјави Оливер Миланов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Инспекторатот за животна средина пак велат дека до нив не стигнало барање за поставување на пумпите од Комуналното  претпријатие Гостивар и дека тие биле поставени незаконски.

Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, заштитени зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 – 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење“, изјави Ивана Гиновска – директор на Инспекторатот за животна средина.

Министерот за животна средина Хоџа повика истрагата да ги лоцира одговорните и истите да одговараат. Тој информираше дека проектот за филтер станицата во рамки на изворот Вруток бил завршен уште во 2014 година. По завршувањето на проектот бил изготвен и записник за примопредавање и системот бил предаден на стопанисување на локалното комунално претпријатие.