Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Големо име, ама без суштина – „Манифестот“ на СДСМ и ДУИ е јалов обид да се претстави опозицијата како анти-европска

Гола пи-ар алатка без суштина – експертите критикуваат дека владејачкото мнозинство преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гола пи-ар алатка без суштина – експертите критикуваат дека владејачкото мнозинство преку манифестот сака да прикаже дека опозициските партии се против европскиот пат на земјата – што не е точно. Доверба и консензус не се гради со ставање потпис на веќе готов документ, коментира за Алфа поранешниот пратеник и амбасадор Оливер Шамбевски. Според него, СДСМ и ДУИ со доаѓањето на власт го имаат нарушен долгогодишниот принцип на единство за националните прашања.

  • Навистина нема политички субјект во Македонија кој е против европскиот пат. Овој манифест го сметам за гола ПР алатка на ДУИ кој го потметнува преку Социјал-демократскиот сојуз и навистина сметам дека е без никаква суштина во неа. Дури и она што може да наликува на некаква на суштина, на ете на манифестирањето на начинот на кој ќе се функционира се до моментот кога СДСМ и ДУИ во 2017-та ја преземаа власта и ја нарушија довербата од граѓаните во општеството“ вели Оливер Шамбевски – поранешен пратеник.

Власта да имаше 2/3 мнозинство за уставни измени немаше да ги користи овие евтини трикови за некакво наводно обединување. Шамбевски вели опозицијата треба да го разгледа документот во рамките на своите партиски тела и пратеничката група, но да не го прифаќа.  

  • „Дури сега и овој обид е на погрешен начин. Даваат готов документ и велат земи или остави. Така не се гради доверба.Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ, односно цела опозиција и како најголема партија ВМРО-ДПМНЕ, треба да го разгледа документот но според мое мислење да не го прифаќа “вели Шамбевски.

Партиите од владината коалиција под плаштот на единство за зачленување во ЕУ преточен во манифест, повикуваат  Собранието да ги изгласа уставните амандмани за да може да се одржи втората меѓувладина конференција. Како што пишуваат,манифестот  бил добра основа за обединување околу европската иднина, иако такво нешто не е дискутабилно, со оглед на фактот  што ниту една парламентарна партија во Македонија се нема изјаснето против ЕУ.