Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија.

Реклама

Како што кажа претседателката на заедничката прес-конференција со Мурму, ја потврдиле заедничката решеност билатералните односи да се издигнат на уште повисоко ниво, го поздравиле засилениот интензитет на политичкиот дијалог по министерските размени меѓу Скопје и Њу Делхи и се согласиле дека контактите меѓу владите, министерствата, парламентите и институциите треба да станат почести, подобро структурирани и поамбициозни.

Во текот на разговорите идентификувале многубројни области за зајакнување на економската соработка, меѓу кои автомобилската индустрија, фармацевтската, здравството, информатичките технологии, „аутсорсингот“ на деловни процеси, обновливите извори на енергија, земјоделството, прехранбената индустрија, машинството, логистиката и напредното производство.

Претседателката на Индија, Друпади Мурму, е сигурна дека нејзината посета на земјата ќе отвори ново поглавје во билатералните односи и ќе ги зацврсти партнерствата меѓу Македонија и Индија, но дека ќе ги подигне и на едно повисоко ниво. Таа истакна дека сакаат да промовираат подобра трговија и инвестиции и да охрабрат подобра соработка помеѓу бизнисите од двете земји.

– Исто така, се согласивме билатералната трговија да ја прошириме двојно од сегашниот обем. Разговаравме за соработка во клучни сектори, вклучително (IT), земјоделство, обработка на храна, фармација, туризам, угостителство и аудиовизуелни уметности. ​Денeшниот бизнис-форум ќе биде одлична платформа за дискусија на овие прашања. Имаме меморандум за соработка во здравството, се договоривме да ја зајакнеме соработката во оваа сфера, особено во промоција на традиционалната медицина – истакна индиската претседателка.

null

Вчера попладне се одржа и Македонско-индиски бизнис форум, на којшто беа претставени можностите за инвестирање во земјава. Главната порака од форумот беше да се зајакнат трговските односи меѓу Северна Македонија и Индија со цел во следните пет години да достигнат барем 400 милиони американски долари во трговска размена, со што вистински ќе се реафирмираат односите меѓу двете земји.

Првиот човек на Здружените стопански и индустриски комори на Индија (ASSOCHAM), Нирмал Кумар Минда, порача дека Индија денес е дом на најголемите дигитални инфраструктури, еден жив инвестициски екосистем и една од најмладите работни сили глобално. Македонија, посочи тој, од друга страна, нуди значајни стратешки предности: нејзината географска локација е на крстопатот на важни европски коридори, нејзината вешта работна сила, инвестициите коишто ги води надворешната политика и пристапот до европскиот пазар ја прават Македонија атрактивна дестинација за индиските компании коишто бараат посилно присуство во Европа.

Ова е прва посета на индиски претседател на државава.