Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: Воздушниот транспорт се модернизира со европски стандарди, Македонија прва во регионот со најнапредна технологија

Воздушниот транспорт во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воздушниот транспорт во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВРЕДИ во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, учествуваше во ставањето во функција на новиот томографски систем за безбедносна контрола на рачниот багаж. Инвестицијата од 1 милион евра ја позиционира Северна Македонија на мапата на земјите кои применуваат најнапредни технологии во оваа област, при што станува збор за прв ваков систем од овој тип во Балканот.

Резултатите не застануваат само на технолошката модернизација. Во последните две години се отворени 28 нови авио-дестинации, додека оваа година се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, што потврдува дека новите политики ја зајакнуваат позицијата на земјата како сè поважен воздушен јазол во регионот.

Реклама

ВРЕДИ продолжува да докажува дека владеењето се мери со резултати, а не со реторика. Секоја инвестиција што ја зголемува безбедноста, ги подобрува услугите и ги проширува можностите за граѓаните е дел од нашата визија за модерна, развиена и подобро поврзана Северна Македонија со Европа и светот.