Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВРЕДИ: Ахмети оди против Охридскиот рамковен договор

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт!

Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците.

Во Мала Речица скроиле опасен план. Сакаат да направат филм дека албанските права се загрозени само затоа што ДУИ не е во Владата. За нив, очигледно, Албанците имаат права само кога тие се на власт и кога нивните луѓе седат во фотелји.

Реклама

Корумпираното раководство на ДУИ не може да им прости на мнозинството Албанци што ги пратија во опозиција. Па сега решиле да им се одмаздуваат токму ним, блокирајќи закон со кој правичната застапеност треба трајно да се гарантира.

Малку им беше што проневеруваа европски пари и што не обезбедија чиста вода за жителите на Зајас и Гостивар. Малку им беа Соравија во Скопје, Дака Давидовиќ во Тетово и сите други матни зделки. Сега посегнаа и по албанската кауза, мислејќи дека ако направат хаос, народот пак ќе ги врати на власт.

Ама тој филм веќе не поминува. ДУИ е прочитана до крај. Народот одамна им ја знае шемата. Зад полната уста патриотизам останаа само обични тендераши, кои се борат за функции, привилегии и шанса повторно да ги полнат сопствените џебови.

Албанците еднаш веќе им ја покажаа вратата. Ако продолжат да го блокираат законот и да одат контра Охридскиот договор, ќе останат во опозиција уште многу долго.