Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во Струмица почна изградбата на нов парк

Со расчистување на теренот, подготовки на површините и оформување на патеките и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со расчистување на теренот, подготовки на површините и оформување на патеките и останатите планирани содржини почна изградбата на нов парк во Струмица, во населбата „Карпош“, објавија од Општината.

-Овој нов парк опфаќа вкупна површина од 14.000 квадратни метри. Ќе има хортикултурно уредување со засадување на голем број дрвја, грмушки и ароматични растенија, претежно автохтони видови, тревни површини, заштитно рабно зеленило, костенова шумичка, јадлива шумска дендрофлора и разновидно парковско зеленило, создавајќи простор што ќе биде убав, функционален и отпорен на климатските предизвици, се наведува во објавата на локалната самоуправа.

Се додава дека проектот е дел од пошироките активности за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на урбаната животна средина преку зголемување на зелените површини – „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Амбасадата на Шведска во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица и е дел од Програмската рамка на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.