Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на лидерската средба, Мицкоски порача: Владата мора да падне

Предвремени парламентарни избори, а не лидерска средба налик театар на јавноста е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предвремени парламентарни избори, а не лидерска средба налик театар на јавноста е решението за Македонија. Уставните измени се затворена тема без јасни гаранции за македонскиот идентитет и македонскиот јазик и гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на лидерската средба во понеделник, бидејќи вели партија има ставови кои цврсто ќе ги брани.

  • „Јас како човек ниту уцени прифаќам, ниту пак зад завесата договарам. И сите оние инсталации и мегафони на власта кои веруваат во теорија на заговори, да им е јасно дека без повторувам јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“ – рече Мицкоски.

Народот од нас очекува да зборуваме за инфлацијата, за енергетската криза, за зголемената сиромаштија, за затворените рудници и фабрики, за нискиот стандард вели Мицкоски. Ова се темите за кои алармантно мора да се бара решение, а не за уставните измени.

  • „Доста е од порази што внесуваат несигурност, ја уништуваат самодовербата. И сево ова мора да го смениме. Тоа е потврдната карта на власта да продолжи со  распродажба и да ја уништува нашата Македонија. Затоа што апатијата не смее да биде поголема од желбата да успееме, и затоа е потребна надежта која се роди во изминатава година. Она што мора да го објавиме е широк фронт против таа апатија која ја разорува земјата и од која не може да се видат јасно работите, поради која многумина велат сите сте исти, кога не сме, кога многумина акцијата ја заменуваат со пасивизација и поради сè заедно, ние пополека ја губиме Македонија“ вели Мицкоски.

Според најавите од Владата на лидерската средба закажана за во понеделник треба да се разговара за одлуките кои во иднина ќе треба да се носат со широк концензус, а премиерот во повеќе наврати упати апел до сите партии да седнат на иста маса и да постигнат унифициран став за европската иднина на Македонија.

Реклама
  • „Лидерската средба е свикана со цел заедно со сите политички партии кои се застапени во парламентот да разговараме за европската иднина на државата и за сите одлуки кои што треба да ги носиме во еден широк општествен и политички консензус. Дел од разговорите ќе биде скрининг процесот после првата меѓувладина конференција помеѓу нашата држава и Европската Унија, објаснувачкиот скрининг и подготовките за билатералниот скрининг..“ се очекувањата за Лидерската од Илинденска.

Во меѓувреме, албанските партии обединети побараа формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20% од граѓаните“ во Уставот, да се замени со „албански јазик“. Своето присуство го потврдија од опозициската Алијанса за Албанците, од каде велат дека ќе ги истакнат своите барања кои ги имаат, за да гласаат за уставните измени.

Викторија Миткова