Реклама

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да прифати се што ќе предложи опозицијата, единствениот услов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да прифати се што ќе предложи опозицијата, единствениот услов е да се обезбедат механизми за полесно гласање на македонските граѓани во странство. Ги повикуваат Филипче, Ахмети, Апасиев, Села и Таравари да седнат на заедничка маса, да подготват еден законски текст согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и гласањето на дијаспората, а тоа ќе биде прифатено веднаш.

-Дали конкретно се работело за една изборна единица, ние би прифатиле тоа што тие ќе го договорат, за финансирањето на политичките партии, исто така модел што тие би го договориле, ние би го прифатиле. Моделот за поплаки, кој што сметаат дека треба да биде инкорпориран и тој би го прифатиле, се додека во сето ова е вклучено гласањето на дијаспората. Што сакаат, како сакаат, моделите кои што тие сметаат дека треба да бидат прифатени, за нас ќе бидат прифатливи, веднаш даваме бланко поддршка, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Државава има рок до среда да го изгласа новиот Изборен законик, со што 100 процентно би ја исполнила реформската агенда, во делот каде што како краен рок ни е зададен 15-ти јули, а од Европската Унија би добила дополнителни 4 милиони евра. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е на маса од вторникот , а од опозициските партии се уште не добиле  никаков одговор.

Реклама

-Денеска е петок, се уште немаме никаков одговор на понудата која што ние ја изнесовме. Се најавува некаква иницијатива за средба помеѓу опозициските партии од понеделник натака. Понеделник е веќе 13-ти, а крајниот рок кој што го имаме како држава да го заокружиме оваа цел за да имаме 10 од 10 исполнети задачи е 15-ти јули. Сметаме дека оваа тема е преважна за да се политизира на истата, изјави Стојаноски.

Од СДСМ пак повторно на истиот став, ВМРО-ДПМНЕ сакале да ги компромитираат изборите со гласање на дијаспората, а изборниот законик бил алиби бидејќи не сакале да напредуваме кон ЕУ.

-Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор. Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда. Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Инаку, предлог измените на изборниот законик во собраниска процедура влезе пред две недели, а блокиран е од страна на СДСМ и Левица, кои поднесоа 13 илјади амандмани за овој предлог закон.

Матеја Петровски