Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM, Левица и ДУИ повторно застанаа против реформите и интересите на Македонија, покажаа колку полошо за државата толку подобро за нив

СДСM, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се поддржат реформи во интерес на државата, тие избираат блокади и теснопартиски калкулации.

Неподдржувањето на новиот Изборен законик, претставува уште една пропуштена можност Македонија да исполни значајна реформска обврска и да го продолжи позитивниот реформски процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Владата посветено работи на спроведување на реформите и на исполнување на обврските, кои се важни за развојот на државата, СДСМ, Левица и ДУИ повторно се одлучија за политичка конфронтација наместо за конструктивност и одговорност.

Реклама

Со ваквиот потег, овие партии уште еднаш покажаа дека нивниот приоритет не е унапредување на изборниот процес, ниту интересот на граѓаните, туку создавање политички пречки и застој со цел да извлечат дневнополитички поени, а нивната вистинска политика колку полошо за Македонија, толку подобро за нив.

Ова не е првпат СДСМ, Левица и ДУИ да постапуваат на ваков начин, здружен начин, секогаш кога државниот интерес ќе се судри со нивниот личен и партиски интерес, тие го избираат партискиот интерес, без разлика на последиците за Македонија.

Но, и покрај нивните блокади и опструкции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да спроведе девет од десетте реформи, при што останаа само измените на Изборниот законик.

За ВМРО-ДПМНЕ, државните интереси секогаш се пред партиските и Македонија не смее и нема да биде заложник на неодговорните политики на опозицијата, затоа останува цврсто посветена на спроведување на реформите, унапредување на институциите и обезбедување стабилност и развој.