Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За две години Влада над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот низ државата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во спортската инфраструктура и го враќа спортот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во спортската инфраструктура и го враќа спортот на местото што го заслужува, меѓу клучните национални приоритети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со конкретни инвестиции во спортската инфраструктура, се создаваат подобри услови за развој на младите, за спорт и за нови спортски успеси.

Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики.

Реклама

За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш.

Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово.

Се градат нови спортски сали, реконструираат атлетски патеки, се градат мултифункционални игралишта, стадиони и базени кои ќе овозможат илјадници деца, млади и рекреативци да спортуваат во современи и безбедни услови.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможува да се создаваат предуслови за развој на врвниот спорт и да се организираат спортски настани кои ќе придонесат и за локалниот економски развој.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на нови капитални проекти, затоа што силната спортска инфраструктура е темел за успешен спорт, поздрави генерации и посилна Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестициите во спортот, бидејќи тие носат вредност со децении, а придобивките од нив ќе ги чувствуваат и сегашните и идните генерации.