Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека владините институции ја стабилизираат состојбата во Гостивар поради локалната неспособност, СДСМ повторно шири дезинформации

СДСМ наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, што укажува на подобрување на состојбата.

Деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода.

Реклама

Наместо да ги земе предвид овие факти, СДСМ во своите дневнополитички настапи пласира неточни и непрецизни информации, користи застарени извештаи и се обидува да создаде чувство на несигурност и паника кај граѓаните, иако состојбата во рекорден рок се стабилизира.

Дополнително, и покрај нивните тврдења дека водата во Валандово не е безбедна за пиење, вонредните анализи ги демантираа тие наводи.

Ова не е првпат СДСМ да биде демантирана со официјални факти. Сепак, продолжува со ширење лаги и дезинформации, со цел да создаде неоснована загриженост кај јавноста.

Наместо да се занимаваат со спинување на информациите и ширење на паника, треба да побараат одговорност од Валбон Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари штитат градоначалник од нивни редови, кој нема никаков морален компас и кој не се смета за виновен за ситуацијата во Гостивар.

Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај.