Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Власта ги активира сите механизми за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, Ескобар доаѓа во Скопје

Опозициските пратеници на удар да ги поддржат уставните измени. Притисоци врз партиското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициските пратеници на удар да ги поддржат уставните измени. Притисоци врз партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, да попуштат за Бугарите да бидат внесени во највисокиот правен акт. Странските амбасадори и делегати власта ги убедувала дека има обезбедено пратеници од најголемата опозициска партија кои ќе дадат поддршка за потребата од отворање на Уставот.

„Сигурните“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе гласаат за промена на Уставот, требало да бидат отсутни од седницата за гласање на Дневниот ред, дознава Алфа од свои извори, но тоа не се случи.

Ова предизвикало незаводолство особено кај  Мисијата на Европската Унија во Скопје кои биле најреволтирани од ваквите лажни информации од власта, особено евроамбасадорот Гир, кој уште на самиот почеток укажал да не се закажуваат седници за кои нема обезбедено мнозинство, велат нашите извори.   

Реклама

Во следниот период притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе доаѓа од САД отколку од Брисел. Веќе утре во Скопје доаѓа Габриел Ескобар заменик-помошник државен секретар на САД.

Ескобар во Скопје, ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Доаѓањето на Ескобар на Скопје е на само неколку дена по започнатата собраниска седница за уставни измени која виси во воздух на неопределено време, со оглед на тоа што без гласовите на пратениците од опозицијата не е можно да се дојде до потребното двотретинско мнозинство во парламентот.

Пленарната седница за предлогот за пристапување кон измена на уставот почна на 18 август.  дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.