Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вишинска: СДСМ во Центар крати пари од проекти за да враќа долгови на Жерновски

Не е важно кој од СДСМ ја води Општина Центар, Општина Центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е важно кој од СДСМ ја води Општина Центар, Општина Центар крати пари од сите програми што нзначат развој за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДСМ во Центар – вели Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Додека центарци очекуваат повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетни услуги, локалната власт предводена од кадрите на СДСМ со секој изминат ден ја влечат Општината во сопствена пропаст.

Наместо речиси 2,5 милиони евра за нови лулашки, нови улици и тротоари и велосипедски патеки, сега тие се трошат на судски тошоци и отштета затоа што Андреј Жерновски пред 10 години реши да го раскине договорот со „Пелагонија Гостивар“ за изградба на нова катна гаража за што Општината има загубен спор на суд и добиено милионски пенали и штети врз буџетот на Општината.

Реклама

Па да се потсетиме дека најавија и истраги за тоа кој ја донел оваа штетна одлука и најавија одговорност. Еве, осум години подоцна, одговорноста, наместо кај СДСМ, падна врз грбот на центарци, да ги плаќаат нивните расипнички одлуки.

Истрага немаше, нема катна гаража, ги нема ниту парите за нејзина изградба поради душманското работење на кадрите на СДСМ. А наместо одговорност, Жерновски доби повисоки политички позиции и трансфер во врвот на СДСМ како награда.

Почитувани,

Ние центарци знаеме и без фиктивните истраги на СДСМ.

Знаеме дека одговорноста за душманското расфрлање со наши пари е кај нив.

Знаеме дека, без разлика дали е Герасимовски или некој друг, СДСМ е елементарна непогода за Центар.

Знаеме дека мора да им ставиме крај.