Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Tоп

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Гласот на дијаспората на следните претседателски избори останува како главна пречка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласот на дијаспората на следните претседателски избори останува како главна пречка за да во Собранието конечно се изгласаат новите изборни правила. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите можни забелешки и барања на СДСМ и Левица, но не е подготвена да ги затвори вратите за македонските граѓани кои живеат низ светот. Сака да им овозможи поедноставна процедура за гласање, односно да можат својот глас да го дадат онлине, наместо скапата процеруда на испраќање на тимови од ДИК по амбасадите и гласачите да мораат да патуват со часови до најблиското дипломатско-конзуларно претставништво. За премиерот Христијан Мицкоски тоа е црвената линија која Владата не е подготвена да ја премине.

„Ние многу јасно кажавме, освен делот со дијаспората кажете се што треба ќе прифатиме. Немаме проблем, затоа што ние цениме дека нашата дијаспора треба да го оствари своето право по електронски пат. Да речеме во Австралија, треба некој да патува десет часа со авион за да го оствари своето гласачко право и тоа не е коректно. Зборувам за оние кои се на Избирачкиот список и оние кои поседуваат македонски пасоши. Се останато како што ќе кажат така ќе прифатиме“, изјави Мицкоски.

За сите останати предлози, како што беше начинот на заокружување на ливчето, финансирањето на помалите партии, па дури и идејата за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на компромис. Премиерот ја обвини Левица дека за време на преговорите ги прифатила сите договорени решенија, а потоа одбила да се потпише на законот. Според него, Апсиев едно прави зада завеса, друго пред неа.Мицкоски ги демантираше и шпекулациите на Левица дека сето ова се правело за тој да се кандидира за претседател во 2029 година.

Реклама

“Прво, немам намера да се кандидирам 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на државата се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, се што ќе предложат се ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон“, изјави Мицкоски.

По два дена преговори во собранието, партиите уште не најдоа заеднички јазик за да постигнат договор. Останува и заканата на СДСМ и Левица дека ќе го блокираат Собранието и законот со илјадници амандмани. Инаку, измените на Изборниот законик не ги бара само меѓународната заедница. Тие се и дел од реформската агенда што Македонија треба да ја исполни на патот кон ЕУ.