Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Битиќи е од СДСМ, но за него очигледно ДУИ ги претставува сите Албанци во Македонија

ДУИ ги претставува сите Албанци во Македонија. Ова може да се заклучи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ ги претставува сите Албанци во Македонија. Ова може да се заклучи од неумесниот обид за правдање Фатмир Битиќи, кој во суштина доаѓа од СДСМ.

Вицепремиерот не се извинува за односот кон новинарот на Алфа, а во целата приказна дури ги вмеша и сопствените деца. Во гостување на ТВ 24 кажа дека ним требало да им објаснува зошто Албанците биле наводно втори во Македонија. Повторно ја изврте тезата иако прашањето беше за ДУИ, а не за некоја конкретна етничка заедница.

  • Во тој момент кога се поставуваше прашањето, за жал се сетив на моите деца, и не можев да си дозволам како родител, дека ќе треба да си одам дома и да им кажам на моите деца дека во оваа држава, во 2023, некој ги третира како Албанци или не Албанци. Дека правото нивно да творат за оваа татковина некој ќе им каже сосема случајно дека они се втори а втор не можеш да бидеш, затоа што двајца биле штетни за државата. Затоа ја напуштив прес-конференцијата и останувам на тој став, оти јас немам друг избор освен да има кажам на моите деца ова е нивната татковина и треба да се борат до последен момент. Затоа што политичката партија за која што се реферира е колективизам, а јас се борам за индивидуализам, за лична одговорност, и не можеме да ги ставиме по превезот на колективна одговорност, ако некој е одговорен за нешто што го направил има лична одговорност. ДУИ е албанска партија  – Но, не на сите. – Јас се осетив дека тоа е насочено кон Албанците и затоа реагирав така..  рече Битиќи.

Идентично како и вицепремиерот, и премиерот не се извинува на крајно некоректното однесување и одговарање на прашањето поставено од новинарот на Алфа ТВ.

Реклама

Обвинителството пак, наместо по допрен глас, ќе чека репортерот да пријави за да проверува дали имало говор на омраза или сторено кривично дело против него.   

За обвинителите не е доволно што премиерот индиректно го обвини новинарот на Алфа за ксенофобија па дури и модерен фашизам.

  • „Прашањето ваше беше апсолутно некоректно…Денес во нашата држава имаме концепт за Европска Македонија кој што го предводи Владата и СДСМ, кој што го третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска или било која припадност. Меѓутоа имаме појава на еден популизам, кој што во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, кој што за мене е форма на модерен фашизам. Ви благодарам на прашањата и се гледаме во наредна прилика“, му рече Ковачевски на новинарот.

Дополнително нема реакција од институциите ниту на однесувањето на член на обезбедувањето на Фатмир Бетиќи кој буквално го истурка новинарот кога тој сакаше да му објасни на вицепремиерот дека прашањето воопшто не е насочено кон Албанците, туку кон политичката партија ДУИ, впрочем како што и беше поставено.

 „Не можете да не оставите нас Албаниците… “ – „Не, господине Битиќи, прашањето беше за партија не за националност…“

На функционерското недолично однесување со репортерот на Алфа телевизија реагираа сите еснафски здруженија – ЗНМ , ССНМ , МАН  како и  ААВМУ.

Викторија Миткова