Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

Битиќи два дена без извинување за ТВ Алфа, активен е само на социјалните мрежи каде со „лајк“ поддржува статуси против телевизијата

Си замина од прес – конференција и сега „ лајкнува “ статуси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Си замина од прес – конференција и сега „ лајкнува “ статуси на Фејсбук .   Вицепремиерот го нема никаде да се извини на Алфа Телевизија и по сите реакции од новинарските здруженија па и од ААВМУ , ама е активен за да ги поддржи само оние статуси во кои се напаѓа ТВ Алфа и нејзината уредувачка политика.

Според познавачите , односнот на политичарите кон новинарите е предизвикан од  неизвесноста пред избори , опасноста од политичка криза , страв од губење на власта.   Дрскиот одност на политичките лидери во Македонија не е новина кога ќе им се упати прашање во кое немаат можност да се „ пофалат“  во одговорот и ова укажува дека во Македонија недостига политичка култура и политичка вештина

Секогаш политичката сиуација има влијание врз однесувањето на новинарите , ние сме во една специфична состојба во овој момент, бидејќи пред нас се два изборни циклуса една неизвесност, опасност од политичка криза , опасност од политички партии да се факторизираат од политичката сцена и луѓето треба да сфатат дека тоа е нормална работа во политиката . Во политиката не си за да жнееш успеси и да те тапкаат по рамо .  Луѓето кои се на врвни политички функции да се подготвуаат за неуспеси и на некој начин да ги менаџираат сопствените неуспеси во политиката , вели Бранко Героски .

Реклама

Дека не постојат некоректни прашања како што Премиерот му одговори на  новинарот на Алфа , посочува целата јавност . Должност на репортерот е да поставува прашања кои се од интерес на широката јавност, а избраните и именуваните лица мора да ги одговорат .   Според Героски , Битиќи немал никаква разумна причина да ја напушти прес – конференцијата .

Старото правило вели дека новинарот не мора да ги знае сите одговори , но мора да ги постави сите прашања. Во прашањето на новинарот за Телевизија Алфа јас не видов лично не видов ништо спорно, тоа не беше прашање со теза, како што обично се смета за некоректните прашања, така да немаше никаква разумна причина Битиќи да го напушти пресот и да се налути, лично сметам дека станува збор за еден лош ден на господинот Битиќи, бидејќи него не го познаваме како човек кој на ваков начин се однесува кон новинарите, коментира новинарот Героски .

Новинар на Алфа Телевизија го праша Премиерот Димитар Ковачевски дали е подготвен поради високиот цензус доколку не успеат претседателските избори, целата власт да биде во рацете на ДУИ како политичка партија , по што вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти прес – конференцијата , а пак Димитар Ковачевски како негов шеф го оправда за таквото однесување кон медиумите и дури и посочи кон новинарот дека поставил некоректно прашање .  Однесувањето го осудија ЗНМ , ССНМ , МАН , ААВМУ а се бара  јавното обвинителство уште утре да отвори предмет по допрен глас за говор на омраза .

https://www.youtube.com/watch?v=tliXEU2uYXo

Кристина Алексиеска