Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Бендевска: Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство

Веќе пет и пол децении наназад, Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе пет и пол децении наназад, Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство во сите појавни форми – музиката, танцот, игрите, обредите, обичаите, традиционалните носии и сите останати формати на уметничкиот израз, пишува во денешното соопштение на собраниската прес-служба од обраќање на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на отворање на Фестивалот „Илинденски денови“.

Секоја година, во пресрет на великиот Илинден, фестивалот продолжува со својата основна визија и мисија – да ја промовира домашната и интернационална народна уметност и култура со цел зачувување на културните идентитети ширум светот и афирмација на интернационалниот фолклор како начин за зајакнување на културата на разбирањето, толеранцијата и меѓусебната почит и соработка меѓу народите.

Битола, градот каде градската Саат-кула ги мери вековите, градот на конзулите и клавирите,  на пајтоните и чаршиите, градот каде Истокот се пресретнува со Западот, деновиве повторно ќе блеска со величествен сјај. Битола деновиве ќе живее и пулсира во ритам, звуци и танци од сите краишта на светот. Битола деновите ќе доживее вистинска експлозија на бои и традиционални носии кои гордо ќе ги презентираат изведувачи од САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грција, Холандија, Словачка, Унгарија, Шведска…

Реклама

Битола, по којзнае кој пат пред светот ќе го промовира и автентичниот, автохтон македонски фолклор со звуците на зурлите и тапаните, кавалите и гајдите, во единствениот 7/8 такт кој е оригинална македонска особеност, презентирајќи ги македонските неповторливи ора како „Комитското“ и „Касапското“, „ Малешевското“ и „Калајџиското“, „Невестинското“ и „Арнаутското“, „Шопското“ и „Тешкото“… а македонските народни носии ќе сведочат за богатството на многувековната македонска културна и историска автентичност.

Затоа, Битола ќе биде точката на поврзување на уметници од сите светски меридијани – центар на светот во кој се зборува на универзалниот јазик на музиката, песните, танците и ората; Битола  деновите е градот кој ќе ги руши сите стереотипи, заблуди и предрасуди, промовирајќи дух на пријателство наместо ривалство, заедништво наместо поделби, прифаќање на разликите наместо нетолеранција, љубов наместо одрекување.

Собранието на Македонија како претставнички дома на граѓаните и традиционален покровител на овој фестивал ќе продолжи и понатаму да дава силна поддршка на овој вонредно важен фестивал, со мисија и визија за културен натпревар меѓу народите, што како принцип во аманет ни го остави најголемиот македонски син – Гоце Делчев.

Нека живее духот на Илинден низ битолските улици, нека биде победа на уметноста и традицијата!

Почитувани гости и драги пријатели,

Со добра мисла и најубави желби за мир, толеранција, прифаќање и почит меѓу народите, го прогласувам 56. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ за отворен!