Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Безброј најави на власта дека работат на методологија за раст на платите, ама на дело ништо

Ќе мрдне ли дијалогот помеѓуВладата и синдикатите од мртва точка ? Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе мрдне ли дијалогот помеѓуВладата и синдикатите од мртва точка ? Владата по којзнае кој пат најавува дека работи на системско решение за утврдување на методологија за раст на плати , која всушност предвидува минимален пораст но, од 2028 година .  Ова за синдикатот е неприфатливо , зашто рокот е предолг да се чека за покачувањето да стане реално .

20.250 денари кои земаат во моментов, со нивната методологија ќе земаат 26.300 денари , но во јануари 2028 година . Тоа за нас е неприфатливо бидејќи ние баравме платите да растат уште првата година , согласно она шо е како методологијиа за пораст на минималната плата, вели Иван Пешевски од ССМ

Повеќе од година и половина ресорните министри даваат изјави дека бараат системско решение кое никако да излезе на виделина.  Вицепремиерот за економски прашања синоќа во телевизиско интервју посочи дека немал магично стапче да ги реши проблемите за 24 часа, ама очигледно не може ни да го реши проблемот кој трае повеќе од една година . Битиќи дури и ги обвини синдикатите дека ако не штрајкувале минатата година ќе имало решение .

Реклама

Во меѓувреме, пак најава од власта: Економско социјален совет најверојатно ќе имало наредната недела. Но синдикатите се скептични дека власта ќе го слушне нивниот глас и дека ни за една година нема да ги приближат ставовите

Додека го најдеме системското решение ќе влеземе во преизборие , во запрен процес за преговори додека не бидат изборите и само се купува време . Не може по цена на регрес на годишен одмор толку да попуштиме за зголемување на платите , ова е неприродно покачување додава Пешевски

Додека Владата очигледно не сака да го слушне гласот на администрацијата , јавниот сектор се крена на нозе. Вработените во УЈП најавија дека ако не добијат покачување за 30 отсто , од 27 јуни ќе стартуваат со генерален  штрајк .   А за повисоки плати минатата недела на предупредувачки протест излегоа и Царинските службеници.

Кристина Алексиеска