Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Свет

Бајден се фали со економските резултати, над половина Американци не го гледаат неговиот успех

Цените во американските супермаркети сè уште се високи, но вкупната стапка на инфлација е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените во американските супермаркети сè уште се високи, но вкупната стапка на инфлација е пониска од минатогодишната. Невработеноста е на ниски 3,5 отсто, а платите растат.

Федералните резерви на САД, ја зголемија референтната каматна стапка 11 пати во последните 17 месеци, поставувајќи ја на највисоко ниво во последните 22 години за да ја спречи инфлацијата, која пред една година надмина 9 отсто.

Претседателот ЏО БАЈДЕН вели дека подобрувањата се должат на „Бајденовата економија“.

Реклама

„Најсилната економија во светот. Највисоко ниво на задоволни работници во последните 36 години. Нашата стапка на инфлација падна најниско меѓу главните развиени економски земји во светот, рече Бајден.

Сепак, повеќето Американци едноставно не го гледаат тоа. Според најновата анкета на Ипсос, 56 отсто од Американците не го одобруваат начинот на кој Бајден се справува со економијата. 69 отсто, вклучително и повеќе од половина од демократите, велат дека економијата сега е полоша отколку пред пет години.

„Претседателот навистина не е способен да се поврзе со луѓето и да комуницира за некои од големите законодавни победи, како што е Законот за намалување на инфлацијата. Таму има прекин на врската, вели МЕЛОРИ ЊУАЛ од Ипсос.

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци не се запознаени со различните закони насочени кон подобрување на економијата што ги потпиша Бајден. Но, тие се запознаени со високата инфлација што ја доживуваат повеќе од една година – прашање за кое велат дека е најитното во САД.

Она што е поважно за Американците од таканаречената Бајденомика, е тоа – колкава сметка ќе платат на каса.

Со приближувањето на претседателски избори во ноември 2024 година, за десетици милиони гласачи – правата на абортусот, контролата на имиграцијата, криминалот, војната на Русија во Украина и секако најважното економијата и трошокот на живот, ќе зависи за кого Американците ќе го дадат својот глас.

ЈОВАНЧО НАУМОСКИ, Глас на Америка – Вашингтон