Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Свет

Бајден во посета на Сеул и Токио

По дводневниот самит со членовите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија,…

Сподели:

По дводневниот самит со членовите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија, американскиот претседател Џо Бајден отпатува за Сеул и Токио и покрај војната во Украина – сигнал дека Индо-Пацификот останува приоритет на администрацијата, а Кина најголем стратешки предизвик . Тоа е синергија на транспацифичко и трансатлантско градење коалиција, рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

„Уникатниот капацитет на претседателот Бајден всушност да ги спои овие два предизвици заедно, мислам дека ќе биде белег на неговата надворешна политика“, рече тој.

Во Сеул, Бајден ќе се сретне со новоизбраниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол по серијата тестови на балистички ракети од страна на Пјонгјанг. Официјалните лица се подготвуваат за уште едно лансирање додека Бајден е во регионот.

Реклама

Во Токио, Бајден ќе учествува на самитот за партнерство Quad со јапонскиот премиер Фумио Кишида, индискиот премиер Нарендра Моди како и премиерот Скот Морисон или неговиот кандидат, Ентони Албанес, во зависност од тоа кој ќе победи на изборите во Австралија денес.

Бајден ќе ја искористи украинската криза за да и сигнализира на Кина дека едностраните промени на статус кво на сила, без разлика дали се во Тајван или на спорните острови во Јужното Кинеско Море, се неприфатливи.

„Администрацијата сака многу јасно да стави до знаење дека има силна поддршка и капацитет за Тајван во целиот регион, бидејќи се покажа дека има капацитет во трансатлантската алијанса во однос на Украина“, рече Роберт Дели од Вилсон центарот во Вашингтон.

На самитот исто така ќе се разговара и за неодамнешниот безбедносен договор меѓу Соломонските Острови и Пекинг, кој предизвика страв од кинеската воена база во стратешките води на Јужниот Пацифик.

„Тоа беше фундаментално за гледиштето на Австралија за сопствената безбедност дека непријателските сили не треба да бидат во можност да проектираат сила против Австралија од Пацификот“, рече Сузан Патон експертка за Индо-Пацифичка стратегија.

Во Токио, Бајден ќе ја претстави Индо-пацифичката економска рамка,

централниот дел на економската политика на неговата администрација во регионот од Транспацифичкото партнерство – договорот за слободна трговија што администрацијата на Обама го потпиша во 2016-та година и од кој администрацијата на Трамп се повлече во 2017-та година.

Има малку детали за рамката, но едно е јасно: не ги вклучува компонентите за слободна трговија што ги сакаат регионалните земји.

И, покрај тоа што неколку земји сигнализираа интерес за рамката, набљудувачите велат дека ова значи дека на САД сè уште им недостасува атрактивна трговска стратегија за да се спротивстави на зголеменото економско влијание на Кина.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон