Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

„Аутлет викенд“ во Прилеп за спас на локалната економија

Со цел раздвижување на локалната економија, но и враќање на пулсот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел раздвижување на локалната економија, но и враќање на пулсот на веќе неколку години колабираната прилепска Стара чаршија, Општина Прилеп, во соработка со дуќанџиите и чаршискиот еснаф, вчера и денеска, за првпат организира „Аутлет викенд“. „Во борбата за спас на помалите бизниси и на занаетчиството кои се’ повеќе се во изумирање, мораме заеднички да бараме решенија за колку –толку да ги ублажиме ударите од сеопштата криза“, велат иницијаторите.

   „Ова му недостасуваше на Прилеп, ова е прв ваков организиран аутлет кој што го прави Прилеп еден голем шопинг-мол. Тоа што беше зад нас во овие две-три години го почувствува нашата прилепска економија, од стопанственици до трговци, па сакавме не само да се реанимира, туку и да покажеме дека се се може ако се сака со една ваква објава активно да ни се приклучат не само граѓаните од Прилеп, туку и од сите соседни општини, а денеска гледаме дека имаме гости и од подалечни градови“, – кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   Енормно зголемените давачки, иселувањето, рапидно опаднатата куповна моќ на граѓаните, особено со Корона пандемијата, си го земаат својот данок, посочуваат од Регионалната занаетчиска комора кои се и коорганизатори на овој настан и тврдат дека сега ќе мора да се решаваат тие негативни „афтер шокови“.

Реклама

  „Нормално е дека се зголемени сите трошоци за функционирање, а со тоа што се намали интересот за овој дел од градот, центаров и Старава чаршија, голема улога изигра и тоа што нема пристапни паркинг-места. И сега, во овој момент, повеќето од дуќаните кои што функционираа низ Старава чаршија и кои се затворени во моментов, или имаат најдено локација која што е на некое попристапно место, или некој и воопшто не работи повеќе…Мислам дека во соработка со ЛС ќе најдеме некое решение, кое можеби нема да биде најсреќно за сите, ама ќе најдеме решние за да го заживееме центаров“– рече Кирил Трпчески, претседател на Регионална занаетчиска комора, Прилеп.

  Од оваа идеа задоволни се и граѓаните, кои, како што велат, можат да си купат производи по значително пониски цени со надеж дека попустите ќе бидат реални.

   „Мислам дека е добар предлогот како што луѓево немаат пари. На некој ќе му дојде добредојде, на тие што планираат да купат“, вели анкетиран граѓанин.

  „Прошетавме, видовме, а нешто и си купувме малку. Супер е, да има и друг пат, одговара за сите луѓе“, – анкетирана граѓанка.    ,

Првиот „Прилеп аутлет викенд“ кој завршува денеска, освен со пониските цени  и до 70 проценти во дуќаните и угостителските објекти, беше збогатен и со забавно-музичка програма која се изведуваше на неколку пункта низ центартот од градот.

Каролина Дурло