Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Арсова: Конкретни политики за младите, социјалните работници и семејствата преку реформи што носат долгорочни придобивки

Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на вработените во центрите за социјална работа во земјава се зголемени за 20%. Со ова се вреднува трудот на стручните лица, кои секојдневно обезбедуваат поддршка за граѓаните и создаваат подобри услови за нивна професионална работа.

Донесен е и Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026–2028 година. Во тек се активности за објавување јавен повик, за доставување предлог-проекти за имплементација на Европската младинска картичка преку доделување грант-средства, согласно утврдените критериуми и процедури. Целта на ова е избор на оператор, односно организација која ќе биде надлежна за спроведување, развој и одржливо управување со системот на Европската младинска картичка, со што на младите ќе им се овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги и можности во земјата и во Европа.

Реклама

Исто така, во соработка со УНФПА започнат е процесот на подготовка на Национална стратегија за демографски развој и отпорност. Стратегијата ќе биде основа за креирање политики што ќе ги поттикнат повратните миграции, ќе обезбедат поголема поддршка за семејствата и ќе придонесат кон ублажување на негативните демографски трендови преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерен локален развој.

Почитувани,

Овие мерки се дел од пошироката определба на Владата за создавање современи, одржливи и инклузивни политики, што ќе ги подобрат можностите за младите, ќе ги зајакнат институциите и ќе придонесат за долгорочен општествен и економски развој на државата.