Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андонов: И покрај лошата финансиска состојба на Општина Василево, за една година инвестиравме над 50 милиони денари за асфалтирање на улици и патишта

Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во Општина Василево се вршеше увид на градежните работи каде што на покана на градоначалникот Славе Андонов присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски.

Андонов посочи дека во Општина Василево почнаа се реализираат голем број на проекти кои што го подобруваат квалитетот на живот на жителите и покрај тоа што при преземањето на должноста наследи општина големи долгови и блокирана сметка чија што консолидација што беше прва и основна негова и на неговиот тим цел, при што се направи реалокација на буџетските средства во тие области каде што било најпотребно.

Истакна дека во изминатиот период се инвестираше во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа, како во спортот, детската заштита, културата во многу комунални инфраструктурни проекти.

Реклама
  • Сакам ад напоменам дека во патната инфраструктура која што беше еден од приоритетите инвестиравме повеќе од 50 милиони денари, што е историски најмногу гледано од почетокот на основањето на Општина Василево, при што асфалтиравме повеќе од пет километри локални патишта и улици и тоа само за една година. Посебно сум горд што го реализиравме Нова маала – Добрашинци кој е во должина од еден километар и со вредност од 12 милиони денари. Со тоа решиме долгогодишен проблем на населените места Чанаклија, Нова маала, Добрашинци и Високо маало, односно така наречениот, Подограженски регион. Го решивме и долго годишниот проблем во населеното место Владевци во должина од два километри, со вредност од околу 20 милиони денари“, посочи меѓу другото Андонов.

Истакна дека во наредниот период, во делот на патна инфраструктура, ќе го реализираме и патниот правец кој води кон манастирот Св. Ѓорѓија во Дукатино, кој исто така е очекуван од граѓаните кој преставува долгогодишен проблем кој ги тишти нашите сограѓани.

Покрај патната инфраструктура, Андонов посочи дека значително вложуваа во образованието, шпи што целосно го реконструираа Основното подрачно општинско училиште во Висока маала, кое беше во катастрофална состојба кое сега е по сите европски стандарди.