Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Американските царини го тресат светскиот пазар

Дали новите царини ќе бидат почеток на нова трговска војна или алатка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали новите царини ќе бидат почеток на нова трговска војна или алатка за нов договор меѓу САД и партнерите? Нова неизвесност во глобалната економија. Администрацијата на Доналд Трамп воведе нови царини за десетици трговски партнери, меѓу нив и Европа. Вашингтон ја брани одлуката како мерка за заштита на домашното производство и корекција на трговските односи. Но, американскиот Претседател не застана тука. Тој упати уште една закана. Отвора нов фронт. Можна истрага и нови царини како одговор на европските регулаторни мерки кон американските технолошки компании. Трамп на неговата социјална мрежа меѓу другото објави:

„Оваа незаконска и крајно дискриминаторска практика започна на ова ниво уште во првата година од администрацијата на „Заспаниот Џо Бајден“, но нема да продолжи за време на администрацијата на Трамп. Соединетите Американски Држави не се „касичка-прасе“ за Европа, ниту ќе дозволиме тоа да бидат!“

ЕУ не прифаќа дека казните за американските технолошки компании се „напад“ врз САД.

Реклама

Брисел вели дека правилата за компании како Google, Apple и Meta се дел од европското законодавство за конкуренција и заштита на потрошувачите, а не трговска мерка против Америка. А, што се однесува за царините, Европската унија реагира дека новите ограничувања создаваат дополнителна неизвесност за компаниите и извозниците.

ТЕЛОП – КАЈА КАЛАС, ВИСОКА ПРЕТСТАВНИЧКА НА ЕУ

„Европската унија има силни стандарди и не се согласува со образложението за воведување вакви мерки.“

Од Брисел порачаа дека Европската унија е подготвена да ги брани своите економски интереси, но преферира решение преку дијалог наместо преку ескалација. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно предупреди дека Европа е подготвена за различни сценарија доколку САД ги зголемат царинските бариери.

ТЕЛОП– УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН :

„Европа е подготвена за секое сценарио.“

Германските власти предупредуваат дека постојаната неизвесност околу царините е штетна и за европската и за американската економија.

ТЕЛОП: ФРИДРИХ МЕРЦ, ГЕРМАНСКИ КАНЦЛЕР

„Постојаната неизвесност околу царините не им помага на економиите.“

Економистите предупредуваат дека трговските бариери најчесто имаат двоен ефект – ги штитат дел од домашните производители, но можат да доведат и до повисоки трошоци за компаниите и потрошувачите.