Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

АЛФА ДОЗНАВА: Службите на Министерството за правда ги напишале спорните измени на КЗ?

Не постои фантом група што ги направила скандалозните измени на КЗ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои фантом група што ги направила скандалозните измени на КЗ со кои функционерите ќе можат на раат да крадат без да одговараат, туку службите во Министерство за правда ја укинале злоупотребата на државни пари, дознава Алфа од упатени извори. Тоа значи дека сите упатувања на надлежните дека експертска група го сработила, паѓаат во вода. Па сега се поставува прашањето како работат службите во министерството без амин од главниот Кренар Лога , бидејќи тој се уште стои на ставот дека министерството нема врска, туку вината е кај Собранието. Според Лога пратениците требале да не ги изгласаат спорните измени, ама тоа не е одговор на прашањето кој ги напиша. Неговата заменичка прво тврдеше дека пишувачи се експертска група на чело со Владо Камбовски, за да потоа сама се демантираше. После целата пајажина во која се заплетка, министерот Лога на прашањето на Алфа зошто не си поднесе оставка, одговори

Како што истакна министерот Лога на брифингот со медиумите, заменик-министерката е носител на процесот за измените на КЗ, и не би сакал да навлегува подетално за измените кои беа изгласани од страна на Собранието. Одговорноста е кај оние кои го одобриле и донеле овие измени на законикот. Во однос на процесот на изготвување на новиот КЗ, ве известуваме дека истиот е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди. Откако текстот на новиот КЗ ќе биде изготвен, истиот ќе биде доставен до Европската Комисија на мислење, велат од Министерство за правда.

Поранешниот  министер Никола Тупанчевски, обвинителот Гаврил Бубевски, обвинителка Вилма Русковска и претседателот на МАНУ Владо Камбовски, сите се дел од работната група за измените на КЗ формирана во 2020 година, но ниту еден од нив не потврди дека предложиле такво нешто.

Реклама

Пратениците во еден ден ги донесоа измените на Кривичниот законик со кои се намалува предвидената затворска казна  за злоупотреба на службена положба. Со намалувањето на висината, обвинителството тешко ќе може да предлага притвор, а исто така се намали и рокот на застарување на кривичното дело. Накратко, со ова законско решение функционерите ќе можат на раат да владеат и да не се плашат од кривична одговорност доколку злоупотребат државни пари.

Паула Костадиноска