Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Судот ја прогласи Димитровска за виновна за одавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци. За двете кривични дела изречена е една единствена казна затвор во времетраење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во наредните три години не стори ново кривично дело.

Во истиот предмет судот го прогласи за виновен ревизорот Миле Столевски за кривичното дело компјутерски фалсификат. Нему му е изречена алтернативна мерка условна осуда, со која му се утврдува казна затвор од шест месеци доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.

Реклама

Tретообвинетата Билјана Петровска-Мантева е ослободена од обвинението бидејќи Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила кривичното дело одавање службена тајна.

Во образложението на пресудата судечкиот совет наведе дека секое одавање податоци и информации не само што го урива интегритетот на ДКСК, туку претставува и повреда на службената должност.

Судијата Илија Трпков нагласи дека претседателот на ДКСК не само што раководи со работата на Комисијата, туку е и олицетворение на довербата во јавноста.

Според обвинителниот акт, Димитровска се товареше дека му одавала службени информации на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

На завршните зборови одржани на 8 јули Обвинителството побара осудителна пресуда посочувајќи ја функцијата на Димитровска како отежнителна околност, а одбраната бараше ослободителна пресуда со тврдење дека не се понудени докази што ја потврдуваат вината на обвинетите.

Странките имаат право на жалба на пресудата до Апелацискиот суд во рок од осум дена.