Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДСМ, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие, наведува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во објава на Фејсбук.

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДСМ да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДСМ ги предложи и ги изгласа.

Реклама

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?
Фактите се непријатни за СДСМ! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: