Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Прилози

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Хуманоста не се отстранува со камион, ниту може да се сопре со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хуманоста не се отстранува со камион, ниту може да се сопре со едно административно решение. Хуманитарната помош не може да биде конфискувана, бидејќи зад неа стои човечка солидарност која не се отстранува со механизација. Просторот на кој струшкиот угостителот Димитар Коцоски кој три пати неделно изминативе два месеци делел десетици беспатни оброци за најраниливата категорија граѓани,остана без маси и столици, откако општината му ја острани урбаната опрема.Тој сега јавно прашува, зошто акцијата спроведена на 17 јуни започна токму од местото каде што се реализираше хуманитарна активност за помош на сиромашни и социјално загрозени граѓани?

“Во изминатите месеци гледавме лица кои доаѓаа со достоинство, но и со голема мака, за да добијат топол оброк. Денес тие луѓе останаа без таа поддршка.Најтешко не беше отстранувањето на опремата. Најтешко беше да ги погледнам тие луѓе и како да им кажам дека активноста за нив е завршена. Ова веќе не е прашање само за „Кочва маала“. Ова е прашање за еднаквоста пред законите и за довербата во институциите.”-вели Димитар Коцоски-угостител

Просторот кој се наоѓа во центарот на Струга, според Коцоски некогаш бил запуштен. Од место вели кое беше симбол на негрижа, стана место каде се помагаше на луѓето на кои им е најпотребно.Дневно се делеле од 20 до 60 топли оброци.

Реклама

“Тоа место е општинско, тоа беше депонија, депонија од безистенот, тука се фрлаше отпад ,ние имаме фрлено 5-6 камиони со отпад. Го исчистивме го поплочивме,направивме катче во кое ужива стружани и сите странци што доаѓаат мора да поминат тука да го посетат местото. Се до моментот додека ,не знам дали е ова политички или не е, не се мешам во политика меѓутоа гледаме дека правда zа некој важи за некој не важи воопшто “ вели Коцоски

Коцоски подготви петиција со над 100 потписи со барање да се најде решение за продолжување на хуманитарната помош.

Ако се ослободува јавен простор – нека се ослободи целосно,во спротивно, велат граѓаните наместо борба против узурпацијата, јавноста ќе биде сведок на уште една селективна акција со однапред познат исход. Иако намедто поширока акција, беше отстранет инвентарот од само еден угостителски објект,струшкиот градоначник се правда дека не станувало збор за селективност, туку за воведување нови правила за користење на површините.