Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Зошто власта не се водеше според преодниот политички период во преспанскиот договор, наместо да направи хаос?

„Северни“ свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Македонија се истрча и спроведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Северни“ свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Македонија се истрча и спроведе речиси се и тоа пред време, иако Преспанскиот Договор предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име.

  • „Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.“ – Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

Ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.
Над 130 институции добија налог да станат национални или северни наместо македонски иако и тие имаа простор да се преименуваат подоцна, барем за внатрешна употреба.

Возачките дозволи и сообраќајните книшки требаше да станат „северни“ 5 години по отворањето на поглавјето 16 кое се однесува на транспортната политика. –

Реклама

Хаосот кој настана со исправите и мораше да се исправа буквално во 5 до 12, е резултат на законски измени донесени во 2021-та година, измени за кои немало никаква потреба ниту обврска.

  • „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година.“ – Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

За безредието да биде поголемо иако законските измени се донесени пред две и пол години, во меѓувреме продолжи издавањето и на возачки и на сообраќајни со старото уставно име, истото се однесува и на пасошите и личните карти.

Власта на ДУИ и СДСМ се обидува да спинува дека за безредието што го предизвика била виновна опозицијата, а нема одговор на клучното прашање – зошто воопшто ги донесе сите законски измени кога во Преспанскиот Договор „Северна“ за внатрешна употреба се врзува со преговорите со Брисел.

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Вака гласеше прашањето на неуспешниот референдум. Власта ја погази народната волја и го смени Уставот, го избриша старото име, а засега нема ништо ниту од ЕУ, ниту од Република Македонија, а граѓаните наместо да добијат подобри перспективи станаа заробеници во сопствената држава која не е способна да им ги издаде потребните документи.

Александра Ристевска