Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Зошто Владата го повлече Законот за рестриктивни мерки?

ДУИ и СДСМ прават се за да ја задржат коалицијата со Алијанса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ и СДСМ прават се за да ја задржат коалицијата со Алијанса на Албанците. Владата го повлече на доработка законот со кои американската и британската црна листа требаше да станат дел од домашниот правен поредок.

Коалицијата најверојатно потклекна под притисоци, бидејќи Министерството за правда даде негативно мислење, а таму на чело седи Кренар Лога од редовите на Таравари.

Реклама

Министерот ја поздравува одлуката на Владата за повлекување на законот… со оглед на тоа што Министерството укажа на низа законски пропусти во предложеното решение, велат од Министерство за правда.

Од Алијанса не признаваат дека правеле притисок но повторуваат дека се на ставот дека законот во таква форма каква што беше предложен не смеел да биде донесен.

Немаме извршено некое влијание или притисок и не функционираме на тој начин. Алијансата за Албанците стои во иста линија со ставот на Министерот за правда, велат од Алијанса за Албанците.

Дека се прават внатрекоалициски комбинаторки покажуваат и измените на законот за администрација, кои доаѓаат на предлог на Министерството за информатичко општество со кое раководи Азир Алиу од Алијанса кои пак се туркаат во Собранието и покрај силниото противење на синдикатите и критиките дека предлогот не е во согласност со европските стандарди.

Минатата недела Алиу се закани дека ќе си поднесе оставка доколку не бидат усвоени три закони кои ги подготвил тој.

Инаку Алијанса за Албанците иако во моментов е дел од владината коалиција се уште нема одлучено како ќе настапи на претстојните избори.

Се повеќе се подгреваат шпекулациите дека Таравари сака да оди во коалција со Меџити, Касами и Гаши, но Ахмети и Груби прават се што можат да го задржат крај нив.

Дека Таравари си влече страна настрана од ДУИ покажува и фактот што тој се среќава и јавно со Европскиот Сојуз за промени, но и со косовскиот премиер Кутри кој својата поддршка ја дава на Меџити, Гаши и Касами.