Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Зошто тепачите од М-НАВ се пуштени дома? ОЈО конфузно се повикува на Стразбур

Јавното обвинителство конфузно во однос на одлуката за тепачите во Македонска навигација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното обвинителство конфузно во однос на одлуката за тепачите во Македонска навигација што упаднаа во кулата на контрола на летање, и нивното пуштање од притвор. Обвинителството ја почитува праксата на Стразбур, но не сака да открие кои точно одлуки се земени во предвид, пред обвинителот да побара од судот, напаѓачите да бидат пуштени од притвор.

Доколку обвинителство не сака да ги обелодени одлуките за кои јавноста треба да биде запознаена, нејасно е дали обвинителот навистина ја зема во предвид праксата на Стразбур, или ова е само изговор за да може бандата од М-НАВ да биде ослободена. Иако Алфа инститираше да дознае на која одлука се повикува обвинителот, оттаму со краток одговор. Мислеле на сите пресуди што се однесуваат за Македонија.

Обвинителството ги има предвид сите одлуки на Судот во Стразбур за земјава кои се однесуваат на основите за определување, а особено за продолжување на мерката притвор, информираат од ОЈО.

Реклама

Од синоќа, шестмината осомничени меѓу кои Бекир Незири, функционерот на ДУИ, се ослободени од домашен и ефективен притвор, а одземен им е пасошот и не смеат да го напуштаат градот во кој живеат. Судот им забранал да вадат нови пасоши, но засега и тоа и нема да им претставува пречка зашто тешко се доаѓа до нови лични документи.

Јавното обвинителство тврди дека завршиле со распитот на сведоците и осомничените не можеле повеќе да влијаат, па по теркот на Стразбур, Бекир Незири и дружината не треба да бидат притворани.

Надлежниот јавен обвинител веќе изврши распит на сите сведоци  и на осомничените, а интегритетот на постапката е запазен и не постои опасност за негово компромитирање. Осомничените веќе немаат можност да влијаат врз доказите или дејствијата кои ќе се преземаат во натамошниот тек на постапката, информираат од ОЈО.

Согласно одговорите на ОЈО, пресудите од Стразбур за незаконско држење на  луѓе во притвор се судбоносни за осомничените функционери на ДУИ што ја загрозија безбедноста на македонското небо. Иако со години судовите и ОЈО се глуви на праксата од Стразбур, сега обвинителот кога постапувал, берел гајле, Бекир Незири и останатите да не се најдат во иста ситуација како поранешните министри Миле Јанакиевски, Спиро Ристевски, советничката од Куманово, Елена Доцевска Божиновска коишто ја добија победија државата поради изживувањето врз нив.