Реклама
Македонија

Зошто не постои волја кај правосудниот систем, пак да се отворат Хашките случаи пред македонската правда?

Врел костен фрли во Владата барањето  од комесерката за човекови права, Дуња…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врел костен фрли во Владата барањето  од комесерката за човекови права, Дуња Мијатовиќ, да се оживеат четирите Хашки предмети во кои се инволвирани актуелни високи фукционери од ДУИ. Според информациите на Алфа, на Илинденска не се дебатирало за писменото барање на Мијатовиќ, туку само излезе став од техничкиот премиер според кој, очекувано, хашките предмети се историја за македонските институции.

Мијатовиќ бара Македонија да го отповика автентичното толкување на Законот за амнестија од 2002 година, и одлучно да се осудат случаите на говор на омраза и меѓуетнички насилни инциденти, промовирајќи помирување и социјална кохезија меѓу различните етнички и религиозни групи. Токму овој закон е проблем според обвинителството, и затоа тие сметаат дека не може да постапуваат, како што посочила Мијатовиќ до Владата.

Но, адвокатот Ванчо Шехтански, кој е бранител во Хаг, во предметот „Непроштено“ за дванаесетмината киднапирани Македонци ,вели дека обвинителството ја има надлежноста да постапува, без да се повикува на автентичното толкување на законот, бидејќи пред 15-тина години предметите биле вратени во нивни раце.

Реклама
  • „Дописот треба да е до обвинителството, а обвинителството нема што да прима дописи, бидејќи правосудството е независно и од извршната и од законодавната власт, но треба да постапи по предметот. 15 години не постапува, друго е да донесе решение дека нема постапка, друго е да поднесе обвинител акт“ вели во изјава за Алфа, адвокатот Ванчо Шехтански.

Универзитетскиот професор Гордан Калџиев вели дека на вакви настани им суди историјата, бидејќи на некој начин Македонија била „наместена со враќањето на хашките предмети во домашните институции“, бидејќи домашните правни инстанци немаат капацитет да ги процесуираат.

  • „Едноставно, нас на некој начин кога ни ги врати предметите. Судот беше воспоставен да ги реши предметите кои не може да се решат дома. И беше многу јасно дека ние дома ние немаме сили дома да ги решаваме тие предмети во таа ранлива ситуација. Не можете после 20 години нешто што превагнало дека е решено на некој начин да го оживувате со нова правна логика. Теоретски е можно да, некој обвинител ако има таков, а нема, да рече едноставно не е можно во меѓународното право да се амнестираат. Со оглед на протокот на време, јас би рекол, дека веќе е малку доцна после 25 години повторно да се враќа во суд со судења. Овие настани не се забораваат никогаш но им суди историјата“ вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

И Шехтански и Калајџиев се на линија дека меѓународното право не признава амнестирање за воени злосторства.

  • „Македонија е потписник на сите конвенции, и воените злосторства кои се извршени со отворена постапка за нив, тие не можат да застарат. Сега околностите од 2009 до 2024 година се други, меѓутоа како и да е, за функционирање на правна држава или за рестарт на правниот систем, па и политичкиот систем, постапката мора да продолжи“ – вели адвокатот Шехтански.

Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските истражни институции. Но, Собранието во 2011 година донесе автентично толкување, според кое овие случаи, се опфатени со Законот за амнестија во 2002…