Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ЗНМ: По истекот на рокот за избор директор и заменик-директор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја нагласува потребата изборот на раководните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја нагласува потребата изборот на раководните позиции, директор и заменик-директор, во Македонската радио-телевизија (МРТ) да се спроведе низ транспарентен, инклузивен и кредибилен процес, со јасен фокус на квалитетот на кандидатите и заштитата на јавниот интерес, се наведува во денешното соопштение на ЗНМ.

Имајќи предвид дека рокот за оваа постапка истече на 15 април, сметаме дека е од особена важност целиот понатамошен тек на постапката да се води транспарентно и во целосна согласност со законските одредби, со доследно почитување на институционалните процедури и принципите на правната сигурност.

ЗНМ апелира изборот да се води врз основа на професионален интегритет, релевантно искуство на кандидатите, јасна визија и реален капацитет за унапредување на работата на јавниот сервис. 

Реклама

Истовремено, неопходно е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се почитува целосно и доследно во сите аспекти на постапката, без селективен пристап и без отстапки, со цел да се обезбедат легитимност, правна сигурност и доверба во постапката.

Квалитетниот и внимателно спроведен изборен процес е суштински предуслов за справување со предизвиците со кои се соочува јавниот сервис во служење на јавниот интерес. Само на тој начин може да се придонесе кон зајакнување на професионалните стандарди, независноста и севкупниот капацитет на МРТ да работи во интерес на граѓаните.

Оттука, очекуваме новото раководство со одговорен и стратешки пристап да придонесе кон унапредување на јавниот сервис, преку јасни развојни приоритети, професионално управување, посветено зајакнување на дописничката мрежа и јасна определба за работа во јавен интерес.

ЗНМ останува конструктивен партнер во следењето на овој процес и во поддршката на сите напори што водат кон силен, независен и професионален јавен радиодифузен сервис.