Очигледно е дека во СДСМ постои сериозна неусогласеност на ставовите за Барутана. Претседателот на СДСМ Венко Филипче јавно порача, дека додека тој е лидер на партијата, во Барутана нема да се стави ниту една цигла. Во истовреме спорниот нацрт ДУП за Барутана беше донесен пред Советот на Општина Центар и доби поддршка токму од Советниците на СДСМ. Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?, пишува во денешното соопштение на ЗНАМ.
Еден пред јавноста, а друг кога треба да се гласа.
Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,во Советот на Општина Центар имавме јасен став, гласавме против и остануваме доследни на тој став.
Ако лидерот на СДСМ вели денеска дека „Нема да се стави ниту една цигла“, тоа да не остане само уште една политичка изјава и дека се на истата линија со потпредседателот на СДСМ и актуелен Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Затоа денес бареме од Градоначалникот Горан Герасимовски да направи конкретен чекор.
Граѓаните на Центар не барат ниту политички, ниту партиски координации, ниту празни ветувања.
Бараат јасна постапка.
Бараме Филипче, Герасимовски и советниците на СДСМ, во Советот на Општина Центар да ги усогласат ставовите и во интерес на граѓаните кои ги гласале, да се повлече нацрт ДУП-от за Барутана.

