Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ЗМЕП Трајков: Економските односи се мост за доверба и блискост меѓу народите

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, присуствуваше на конференција, на тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, присуствуваше на конференција, на тема “Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија, eкономски развој – трговија и инвестиции”.

На настанот, заменик министерката Трајков ја истакна важноста на економската соработка како клучен двигател за стабилност, просперитет и пријателство меѓу народите на Македонија и Бугарија. Таа нагласи дека економските односи не се само прашање на трговски бројки и инвестиции, туку и основа за зајакнување на довербата и блискоста меѓу двете земји.

„Наша цел е да ги продлабочиме економските односи преку конкретни иницијативи, како што се зајакнување на прекуграничната соработка, поддршка на малите и средни претпријатија и создавање услови за нови инвестиции. Овој настан е само почеток на уште поинтензивна и плодна соработка“, изјави Трајков.

Реклама

Викторија Трајков ја истакна и важноста на европските вредности и стратешката насока за заеднички напори во правец на европската интеграција на Македонија и продлабочување на партнерството со Бугарија.

Се очекува резултатите од овој настан да придонесат за понатамошен економски и социјален напредок на двете земји и создавање нови можности за сите граѓани.